Почнаа теренските активности за целосно уредување на планинарската (пешачка) патека Нижо Поле – Големо Езеро – Брајчино со вкупна должина од 19 километри. Уредувањето подразбира целосно расчистување на вегетација по должина на целата патека, целосно обновување на канфелцувана сигнализација и поставување нова зимска маркација на правецот Нижо Поле-Големо Езеро по Дебел Рид.
Дополнително ќе бидат поставени и патокази за Мало Езеро и Врв Пелистер од правец на Големо Езеро.
Активностите се одвиваат во исклучително тешки услови поради алпските карактеристики на теренот, па целата опрема и работен алат се носи на раце.
Активностите ги спроведува Националниот парк „Пелистер“ во соработка со други партнери.
Ж. ЗДРАВКОВСКА



