ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ДИРЕКТОРОТ НА СТРУШКИOT ВОДОВОД ЈУСУФОСКИ ОТИ ПЕТ ДЕНА ОД ЧЕШМИТЕ ТЕЧЕ КАФЕАВА ВОДА, ЗАБРАНЕТА Е ЗА КОРИСТЕЊЕ

    ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ДИРЕКТОРОТ НА СТРУШКИOT ВОДОВОД ЈУСУФОСКИ ОТИ ПЕТ ДЕНА ОД ЧЕШМИТЕ ТЕЧЕ КАФЕАВА ВОДА, ЗАБРАНЕТА Е ЗА КОРИСТЕЊЕПрвичните анализи на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) покажаа дека заматеноста е дури 30 пати над дозволеното, водата е прогласена за технички неисправна и не смее да се користи ниту за пиење, ниту за готвење, ниту за лична хигиена. (Фото: СДЛ.МК)

    Директорот на Јавното претпријатие „Водовод“ Струга, Меџијаит Јусуфоски, денеска поднесе оставка од морална причини оти веќе пет дека не можe да се користи заматената вода од градскиот водовод. Стружани велат дека од чешмите почнала да тече темнокафеава вода, а надлежните институции веднаш воведоа целосна забрана за користење.

    „Се работи за голема катастрофа, еколошка катастрофа по здравјето на граѓаните, сите школи, деца, градинки. Јас сум во фирмата 43 години, не се памети вакво заматување на водата. Водата била бистра, чиста. Сме имале во минатото и проблеми, но тие се решиле. Сега ги информирав и замолив сите институции, но моите надлежности како в.  д.  директор се до тука. Во истиот момент јас давам оставка”, вели Јусуфоски.

    Тој веднаш побарал од надлежните институции да ги утврдат причините за загадувањето по што било пуштено и известување дека водата не е исправна за користење.

    Првичните анализи на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) покажаа дека заматеноста е дури 30 пати над дозволеното. Водата е прогласена за технички неисправна и не смее да се користи ниту за пиење, ниту за готвење, ниту за лична хигиена.

    „Направив мониторинг на терен и констатирав дека водата во изворот Шум е буквално како кал. Мерењата во куќите и училиштата потврдуваат екстремна заматеност. Ситуацијата е сериозна. На стружани им преостанува да купуваат флаширана вода или, во краен случај, да користат езерска вода за одржување хигиена“, изјави Лидија Симонска од Центарот за јавно здравје.

    Полицијата и инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство се на терен кај Шум, главниот извор за водоснабдување на градот и работат на откривање на причините за загадувањето.

    „До овој момент, во ОВР Струга не е добиена официјална пријава од надлежно јавно претпријатие во Струга за водоснабдување за загаденост на изворите за вода лоцирани во струшкото село Шум. ОВР Струга, во содејство со повеќе надлежни институции презема интензивни мерки со цел откривање на причините за загаденоста на водата и откривање на сторители на кривични дела. По завршување на сите мерки и активности, ОВР Струга до надлежното Јавно обвинителство ќе достави соодветен поднесок“, велат од СВР Охрид.

    Граѓаните се револтирани, велат дека се принудени да купуваат вода, што претставува дополнителен финансиски товар за домаќинствата.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира