ПОДВОДНАТА НОВОГОДИШНА ЕЛКА КАЈ ГРАДИШТЕ НУРКАЧИТЕ ИМ ЈА ПОСВЕТИЈА НА ДЕЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ

    ПОДВОДНАТА НОВОГОДИШНА ЕЛКА КАЈ ГРАДИШТЕ НУРКАЧИТЕ ИМ ЈА ПОСВЕТИЈА НА ДЕЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИПодводната новогодишна елка беше накитена по 17. пат (Фото: Амфора)

    Во Заливот на коските кај Градиште, вчера по 17. пат, нуркачи од „Амфора” и Клубот за подводни активности ја украсија подводната новогодишна елка.

    На еден уникатен начин, тие упатија новогодишни честитки до децата со ретки болести, на кои им ја посветуваат оваа елка.

    „Со желби за добро здравје, навремена дијагноза и достапност на лековите кои значат живот за децата со ретки болести, по трет пат низ годиниве им ја посветуваме оваа елка токму на нив, бидејќи во нивниот живот полн со предизвици им е најпотребна нашата поддршка. Настанот на китење на подводната елка има големо значење за промоцијата на Охрид и претставува уште една причина да се посети Музејот на вода”, порачаа нуркачите.

    „Благодарност до моите сограѓани за несебичната поддршка која ни ја даваат низ годините. Мојата желба е институциите да имаат повеќе слух за пациентите со ретки болести и усвојување нацрт-документ за национална стратегија за ретки болести од страна на Владата, со која ќе се унапреди грижата за овие пациенти”, кажа Гордана Лолеска, граѓански активист и член на здружението на граѓани со ретки болести „Живот со предизвици”.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира