ПОЕДИНЦИ ТОЛКУ СЕ ОХРАБРИЈА ШТО ГО БЕТОНИРААТ БРЕГОТ ОД СТРУГА ДО КАЛИШТА, РЕАГИРА ОХРИД СОС

    ПОЕДИНЦИ ТОЛКУ СЕ ОХРАБРИЈА ШТО ГО БЕТОНИРААТ БРЕГОТ ОД СТРУГА ДО КАЛИШТА, РЕАГИРА ОХРИД СОСБетонската ограда никна неколку дена откако на истата локација беше запалена трската (Фото: СДК.МК)

    Продолжува самоволието на поединци, на кои не им пречи притисокот од јавноста, па на одредени парцели меѓу Струга и Калишта тампонираат, поставуваат бетонски огради и палат трска и друга вегетација среде ден, а на повеќе локации се депонира и градежен шут, реагираат од Охрид СОС.

    „Максимално се користи секој момент, имајќи предвид дека Владата најави дека ингеренциите за плажите во Охрид и Струга ќе преминат од општинско на државно ниво. Не се знае кој узурпира, кој гради, на неколку места објекти се изградени непосредно до езерото, се паркираат возила, се оградува со жица. Глетката е ужасна. Оваа ситуација не беше спомната во одговорот на македонските институции до УНЕСКО. Свесно е премолчено ова намерно уништување на природата и на појасот трска. Сите молчат, локацијата е надвор од градот, незабележлива, што е уште еден поволен момент за овие узурпатори”, велат од Охрид СОС.

    Пред неколку дена, јавноста беше информирана дека три дена гори трската на потегот од Струга кон Калишта.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира