ПОГРЕБАН ВЛАДИМИР БЛАЖЕВ-ПАНЧО ОД „ДНК“, КОЈ НАСТРАДА ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНСКАТА ДИСКОТЕКА „ПУЛС“

    ПОГРЕБАН ВЛАДИМИР БЛАЖЕВ-ПАНЧО ОД „ДНК“, КОЈ НАСТРАДА ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНСКАТА ДИСКОТЕКА „ПУЛС“Блажев соработуваше и снимаше дуети со повеќе домашни пејачи кои дојода да го испратат заедно со семејството, пријателите и фанови на дуото „ДНК“. (Фото: СДК.МК)

    Денеска во Скопје беше погребан Владимир Блажев-Панчо од дуото „ДНК“ кој почина на 14 октомври, по компликации ОД повредите добиени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март. Блажев седум месеци беше на лекување во приватна скопска болница. Според информациите од неговите блиски, состојбата му се влошила во последните неколку недели, кога почнале да му откажуваат органите.

    Тој соработуваше и снимаше дуети со повеќе домашни пејачи кои дојода да го испратат заедно со семејството, пријателите и фанови на дуото „ДНК“. Беше во брак со Маја Туловска со која има два сина.

    Владимир Блажев и Андреј Ѓорѓиески од „ДНК“, кој почина ноќта во пожарот во Кочани, беа меѓу најхуманите музичари на естрадата. Често донираа за сиромашни семејства, поддржува млади музичари и спортисти и одржуваа хуманитарни концерти.

    Во пожарот во кочанската дива дискотека „Пулс“ на 16 март загинаа 63 лица и 200 беа повредени. Меѓу загинатите се повеќето членови на „ДНК“: пејачот Андреј Ѓорѓиески, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Ѓорги Ѓоргиев, придружниот вокал Сара Пројковска, клавијатуристот Филип Стевановски кој тогаш беше и директор на Центарот за култура во Штип, и Мартин Атанасовски кој настапуваше со бендот како битбоксер.

    М. ЏАРОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира