ПОЛА СКОПЈЕ ОСТАНА БЕЗ СТРУЈА ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА ТРАФОСТАНИЦА

    ПОЛА СКОПЈЕ ОСТАНА БЕЗ СТРУЈА ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА ТРАФОСТАНИЦАОд ЕВН велат дека корисниците вечерва ќе добијат струја од друга напојна точка (Фото: К. Попов)

    Од Кондово до Карпош попладнево нема струја. Како што објаснуваат од ЕВН, станува збор за голем дефект на 110-киловатна трафостаница Запад, од која се напојуваат скопските населби Кондово, Ѓорче Петров, Влае, Тафталиџе и Карпош.

    Од компанијата велат дека нивни екипи работат на дефектот, а во меѓувреме, корисниците вечерва ќе добијат струја од друга напојна точка.

    „Без разлика кога ќе се санира дефектот, граѓаните нема да останат без струја. Работиме на премостување на друга напојна точка”, велат од ЕВН.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира