ПОЛИТИЧКИТЕ ЕЛИТИ ВО СКОПЈЕ ЈА ПОДЗАБОРАВИЈА БИТОЛА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЛИТИЧКИТЕ ЕЛИТИ ВО СКОПЈЕ ЈА ПОДЗАБОРАВИЈА БИТОЛА

    Екстремно загадениот воздух во Битола и што можат да направат пратениците во врска со заштитата на животната средина е главната тема во третата епизода од ТВ серијалот „Пратеник од доверба“.

    „Овој регион е малку подзаборавен од централата во Скопје или од политичките елити кои се во Скопје. Битолските пратеници и оние кои ја претставуваат Битола во републичките органи многу малку можеа да направат и многу малку направија во однос на заштитата на животната средина во Битола“, вели Јорго Шундовски поранешен пратеник и прв министер за екологија.

    ТВ серијалот „Пратеник од доверба“ е составен од прилози, снимени во шест града, од шесте изборни единици, Тетово, Куманово, Штип, Битола, Струмица и Охрид, со различни профили на соговорници, поранешни пратеници, граѓански активисти и јавни личности од културниот и спортскиот живот и има за цел да ја едуцира јавноста за значењето на функцијата пратеник и да се обезбеди подобра врска меѓу граѓаните и законодавниот дом и со тоа да се подобри квалитетот на претставничката демократија во Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира