ПОЛИЦАЈЦИ НА ВЕЛОСИПЕДИ ЌЕ ГО ЧУВААТ ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

    ПОЛИЦАЈЦИ НА ВЕЛОСИПЕДИ ЌЕ ГО ЧУВААТ ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕПолицајците велосипедисти ќе се грижат за безбедноста на жителите на општината, ќе го контролираат паркирањето, хигиената како и јавниот ред и мир. (Фото: Општина Центар)

    Полицајци на велосипеди од денеска ќе патролираат низ општина Центар.

    Полицајците велосипедисти ќе се грижат за безбедноста на жителите на општината, ќе го контролираат паркирањето, хигиената како и јавниот ред и мир.

    „На почетокот на територијата на општина Центар ќе патролираат шест полицајци, по двајца полицајци-велосипедисти во одделни реони. Со ова ќе се подобри ефикасноста во извршување на секојдневните задачи и активности на униформираните полицајци во централното градско подрачје. Со ова ќе се придонесе и во борбата за заштита на животната средина“, велат од Општина Центар.

    Од таму додаваат дека во иднина овој проект ќе се усовршува и надоградува со цел за подобар квалитет во безбедноста и сигурноста на граѓаните.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари