ПОЛИЦИЈАТА ГИ БАРА ВАНДАЛИТЕ КОИ УНИШТИЈА ЖАРДИНИЕРИ ТЕШКИ СТО КИЛА НА СТРУМИЧКИОТ ПЛОШТАД

    ПОЛИЦИЈАТА ГИ БАРА ВАНДАЛИТЕ КОИ УНИШТИЈА ЖАРДИНИЕРИ ТЕШКИ СТО КИЛА НА СТРУМИЧКИОТ ПЛОШТАДУништени се десетина жардинери тешки и по стотина килограми поставени на повеќе локации на плоштадот, во кои беа засадени декоративни дрвца и темјанушки (Фото: СДК.МК)

    Непознати хулигани синоќа ја испокршиле урбаната опрема за цвеќиња на струмичкиот плоштад. Уништени се десетина жардинери тешки и по стотина килограми поставени на повеќе локации на плоштадот, во кои беа засадени декоративни дрвца и темјанушки. Вандализирањето било ноќта, а учествувале најверојатно повеќе лица. Од полицијата велат дека се превземаат сите мерки за откривање на вандалите.

    Струмичани претпладнево ги повикаа надлежните да ги откријат хулиганите кои синоќа уништувале.

    „Станува збор за центар на град. Сигурно на некој од јавните објекти има камери. Полицијата мора да ги открие и санкционира сторителите оти станува збор за заедничко добро“, велат струмичани.

    „Комуналец“  ги отстрани уништените жардинери и најави дека во најскоро време ќе бидат заменети со нови, а случајот го пријавиле и во полицијата. Реагираше и градоначалникот Коста Јаневски кој побара казна за хулиганите.

    „Згрозен сум пред сè како човек, а потоа како градоначалник и го осудувам вандалското однесување на градскиот плоштад. Мои сограѓани, наместо да уништуваме, ајде да покажеме поголема свест и грижа кон заедничките добра, да покажеме дека навистина ја сакаме нашата Струмица“, рече Јаневски.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира