ПОЛИЦИЈАТА НЕМА ТЕРЕНСКО ВОЗИЛО И НЕ МОЖЕ ДА ОТКРИЕ ДИВА СЕЧА НА ДРВЈА ВО ВЕЛЕШКО

    ПОЛИЦИЈАТА НЕМА ТЕРЕНСКО ВОЗИЛО И НЕ МОЖЕ ДА ОТКРИЕ ДИВА СЕЧА НА ДРВЈА ВО ВЕЛЕШКОНајмногу се сече шумата во околината на села Степанци, Горно и Долно Јаболчиште и Карабуниште. (Фото: СДК.МК)

    Само 21 кубик огревно дрво е откриено како нелегална сеча лани во Велешко. Оваа бројката на откриено нелегално исечено дрво е презентирана во годишниот извештај за работата на Полициска станица Велес за 2021. Според истражувањето на Центарот за европски стратегии – Евротинк, проценките на бесправно исечени дрва од шумите во Велешко во 2019 се 1.615 метри кубни дрво.

    Причината за ваквата состојба е што во Полициска станица Велес нема теренско возило.

    „Од нова година наваму бројките се драстично зголемени. Немаме теренско возило и затоа контролите се прават во близина на складиштата. Тогаш е веќе доцна, оти сторителите имаат разработено канали и дрвото пресечено во Велешко, завршува преку планина, се пренесува во Скопско“, кажа командирот на Полициската станица Велес Алаксандар Костов.

    Како локации каде најмногу се сече шумата се посочуваат околината на селата Степанци,  Горно и Долно Јаболчиште и Карабуниште.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира