ПОЛИЦИЈАТА ВО КОНТРОЛА НА ДОНАЦИИТЕ ОД СЕМЕЈСТВОТО ЗАЕВИ ЗА КОРОНАКРИЗАТА, СТОПИРАНА ДИСТРИБУЦИЈАТА НА ПРЕХРАНБЕНИ ПАКЕТИ

    ПОЛИЦИЈАТА ВО КОНТРОЛА НА ДОНАЦИИТЕ ОД СЕМЕЈСТВОТО ЗАЕВИ ЗА КОРОНАКРИЗАТА, СТОПИРАНА ДИСТРИБУЦИЈАТА НА ПРЕХРАНБЕНИ ПАКЕТИПолицијата упаднала во просториите на поранешен угостителки капацитет во Струмица, каде волонтери од здружението „Сите заедно можеме“ вршеле пакување на пакетите со прехранбени артикли кои требало да бидат доставени кај социјално загрозени семејства. (Фото: СДК.МК)

    Полицијата ја стопираше дистрибуцијата на хуманитарните пакети,  донација од семејството Заеви од Струмица на лица погодени од коронакризата. Синоќа полицијата упаднала во просториите на поранешен угостителки капацитет во Струмица, каде волонтери од здружението „Сите заедно можеме“ вршеле пакување на пакетите со прехранбени артикли кои требало да бидат доставени кај социјално загрозени семејства.

    Како што велат од здружението, полицијата барала документи за пакетите. За време на контролата, пакетите со прехранбени артикли  цело време стоеја на улица.  Претседателот на здружението Александар Маркоски  смета дека  акцијата има политичка позадина.

    „Ова е конструкција на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицковски, спроведена од министерот Наќе Чулев.  Бараат документи кај нас за донациите кои обично се кај донаторите. Ова е срамно и жално што се прави, бидејки станува збор за донации од семејството Заеви“, кажа претседателот на здружението Александар Маркоски кој заедно со останатите волонтери од здружението морале да дават изјави во полицијата.

    Засега нема став од МВР за акцијата во Струмица каде е стопирана дистрибуцијата на хуманитарните пакети донирани од Заеви. Станува збор за повеќе стотини прехранбени пакети кои биле наменети за граѓани со социјален ризик во Дојран, Радовиш, Конче, Гевгелија, Прилеп, Кавадарци, Неготино Демир Капија.

    Досега, Заеви преку своите фирми донираа пренрамбени пакети во Струмица, Босилово и Куманово.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира