Воведувањето полициски час предизвика промени во патничкиот возен ред на Македонски железници.
Наместо во 14:30 и 20:10 часот, возовите до Битола ќе поаѓаат од Скопје во 13:49, односно во 17:25 часот. Од Битола ќе тргнуваат во 5:30 и 17:45, место во 3:20 и 18:20 часот.
Од Гевгелија, утринскиот воз ќе поаѓа еден час покасно, во 5:30 часот. Вечерниот за Велес нема да сообраќа во 22:40, туку во 20:40, а утринскиот во 5:30, место 5:03 часот.
Промена има и за возовите за Куманово и Табановце: утринскиот во 3:45 нема да сообраќа, додека вечерниот од 20 часот ќе вози до Куманово, не и за Табановце. За Кочани и Кичево нема промени.
„Овие промени се со важност од попладнево и во следните 12 дена, додека трае полицискиот час“, соопштија од МЖ Транспорт.