ПОЛИЦИСКИОТ СИНДИКАТ БАРА СПОМЕНИК ВО КУМАНОВО, А НЕ СПОМЕН-ПЛОЧА ЗА БРАНИТЕЛИТЕ ЗАГИНАТИ ЗА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА

    ПОЛИЦИСКИОТ СИНДИКАТ БАРА СПОМЕНИК ВО КУМАНОВО, А НЕ СПОМЕН-ПЛОЧА ЗА БРАНИТЕЛИТЕ ЗАГИНАТИ ЗА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈАОд Синдикатот велат дека поднеле иницијатива до Собранието за градба на меморијален споменик во Општина Куманово. (Фото: Фејсбук)

    Синдикатот на полицијата во Македонија поднесе иницијатива до Собранието за изградба на меморијален споменик во Куманово, откако во Липково е изграден монументален споменик со грандиозни големини во чест на паднатите борци на ОНА од воениот конфликт во 2001 година. Од Синдикатот велат дека веќе поднеле иницијатива до Собранието за градба на меморијален споменик на територија на Општина Куманово за сите бранители и паднати борци од осамостојување на Македонија до денеска, кои што својот живот го дале за заштита на уставниот поредок на независна држава и нејзините граѓани.

    „Оваа иницијатива ќе биде поднесена согласно Законот за меморијални споменици и спомен обележје. Сметаме дека загинатите бранители во независна Македонија заслужуваат соодветен третман од страна на државата и изградба на меморијален споменик токму на територија на Општина Куманово каде што се водеа голем број од борбените дејствија, а воедно очекуваме оваа наша иницијатива да биде поддржана од останатите невладини организации, здруженија, синдикати, индивидуални лица, интелектуалци и целата општествена јавност во Македонија, со цел еднаш засекогаш овие наши херои да бидат соодветно третирани и да добијат вистински меморијален споменик со кој ќе се одбележат нивните жртвувања за државата“, соопшти Синдикатот.

    Иницијативата за изградба на спомен-обележје на бранителите од конфликтот 2001 и акцијата во кумановско Диво Насеље во 2015 во која загинаа осуммина полициски специјалци, синдикатот предходно ја поднесе до градоначалникот и Советот на Општина Куманово, но таа ќе биде во мирување додека се чека одговорот од Собранието.

    Денеска се навршуваат 7 години од вооружениот напад на терористиката група на македонските вооружени сили во Диво Насеље, кога Куманово два дена живееше во страв и неизвесност дали војната ќе се прошири и на другите делови на градот. Во Диво Насеље на 9 и 10 мај 2015 загинаа полицајците Жарко Кузмановски и Сашо Самојловски од с. Брвеница, Ненад Серафимовски од с. Зубовце, Горан Илијевски од Гостивар, Бобан Ивановиќ, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ и Горан Стојменовиќ од Скопје.

    Во Соборниот храм „Свети Никола” денеска се одржа панихида во чест на загинатите припадници на безбедносните сили.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира