ПОЛОВИНА ОД ОБЈЕКТИТЕ ВО СТРУМИЦА НЕ СЕ ЛЕГАЛИЗИРАА, ИМ СЕ ЗАКАНУВА РУШЕЊЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЛОВИНА ОД ОБЈЕКТИТЕ ВО СТРУМИЦА НЕ СЕ ЛЕГАЛИЗИРАА, ИМ СЕ ЗАКАНУВА РУШЕЊЕ

    На 4.630 објекти во општина Струмица им се заканува рушење, бидејки во предвидениот законски рок сопствениците не доставиле геодетски елаборати за легализација. Општината сега чека насоки од државата што со објектите за кои се доставени барања за легализација, но не и потребната документација за да се легализираат и впишат во катастарот за недвижности, и со објектите што се водеа како дивоизградени до март, 2011.

    Од одделението за урбанизам при општина Струмица велат дека кај нив се водат 9.306 барања за легализација, а до 31 декември, 2016 геодетски елаборати се доставени само за половина од објектите.

    „Согласно законот за легализација, за барањата доставени во 2011 истече рокот за доставување геодетски елаборати. Според нашата евиденција, за 4.630 објекти нема геодетски елаборати, што значи дека за овие објекти не може да се издадат решенија за легализација. Во наредниот период инспекциските органи треба да утврдат колку оваа бројка е реална и кои мерки ќе ги преземат ако државата не направи одредени корекции или измени во законот за легализација на дивоградбите“, вели Стојан Динев, раководител во Секторот за урбанизам при Општина Струмица.

    Ситуацијата не е поразлична и во останатите општини од Југоистокот. Само за половина од барањата за легализација од 2011 сопствениците на објектите доставиле геодетски елаборати. Без нив, општинските власти нема да можат да ги легализираат дивоизградените објекти, поради што оваа година не се исклучува и постапка за рушење, ако сопствениците не ги легализираат по повисока цена, а не по евро од квадрат.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира