ПОНИШТЕН ТЕНДЕРОТ ЗА НАБАВКА НА 120 ЕКО АВТОБУСИ ОД КОИ 80 ТРЕБАШЕ ДА БИДАТ ЗА СКОПЈЕ

    ПОНИШТЕН ТЕНДЕРОТ ЗА НАБАВКА НА 120 ЕКО АВТОБУСИ ОД КОИ 80 ТРЕБАШЕ ДА БИДАТ ЗА СКОПЈЕКако што велат од Министерството тендерот е поништен затоа што единствената фирма која се пријавила не ги исполнувала потребните услови.(Фото: СДК.МК)

    Поништен е тендерот за набавка на 120 еколошки автобуси кој го распиша Министерството за транспорт и врски. Како што велат од Министерството тендерот е поништен затоа што единствената фирма која се пријавила не ги исполнувала потребните услови.

    На јавниот повик кој беше објавен на 17 јуни со краен рок за доставување на понудите 24 јули 2025 година, само една компанија достави понуда. По извршената евалуација, Комисијата надлежна за спроведување на јавната набавка утврди дека компанијата не ги исполнува критериумите согласно објавениот јавен повик. Министерството за транспорт во следниот период ќе направи дополнителни анализи околу набавката на електрични еколошки автобуси и ќе ја информира јавноста“, соопштија од Министерството.

    Како што беше најавено пред распишување на тендерот 80 автобуси ќе бидат за ЈСП „Скопје“, а останатите 40 ќе бидат распределени по други градови.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира