ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИ И КУЌИ ВО ЉУБОЈНО, НЕВРЕМЕТО ГО РАСКОПА ПАТОТ КОЈ БЕШЕ ОШТЕТЕН ОД СЕЧАТА НА ШУМАТА

    ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИ И КУЌИ ВО ЉУБОЈНО, НЕВРЕМЕТО ГО РАСКОПА ПАТОТ КОЈ БЕШЕ ОШТЕТЕН ОД СЕЧАТА НА ШУМАТАНевремето го раскопа земјениот пат кој претходно го имаа оштетено камионите кои пренесуваа сечени дрва од шумата (Фото: СДК.МК)

    Големо невреме попладнево го зафати преспанското село Љубојно. Поплавени се делови од куќи, дворови и улици.

    Жителите раскажуваат дека 40 минути обилно врнел дожд, од кои 20 минути големи зрна град. Невремето го раскопа земјениот пат што претходно го имаа оштетено камионите кои пренесуваа сечени дрва од шумата.

    „Доколку не беше шумата, штетата од невремето врз селото ќе беше уште поголема”, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК жители на Љубојно.

    Тие седум дена протестираат секој ден за да запре сечата на шумата кај манастирот над селото. Изминатите денови алармираа дека ако не е шумата, во услови на невреме водата од дождот ќе се слева во селото и ќе прави големи штети.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира