ПОРАДИ ДЕФЕКТ БЕЗ ПАРНО ОСТАНА РЕЧИСИ ЦЕЛО СКОПЈЕ

    ПОРАДИ ДЕФЕКТ БЕЗ ПАРНО ОСТАНА РЕЧИСИ ЦЕЛО СКОПЈЕ„ЕСМ Снабдување со топлина“ соопшти дека има зголемени загуби на вода во топлификациската дистрибутивна мрежа и интензивно работи на санирање на проблемот. (Фото: СДК.МК)

    Речиси цело Скопје претпладнево остана без парно греење. Од „ЕСМ Снабдување со топлина“ соопштија дека поради зголемени загуби на вода во топлификациската дистрибутивна мрежа има намален квалитет во испораката на топлинска енергија.

    „Екипите на ‘Дистрибуција на топлина’ се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска енергија. Се користат сите расположливи ресурси, а екипите преземаат засилени мерки и вложуваат максимални напори за што побрзо воспоставување на редовно снабдување со топлина до потрошувачите“, велат од „ЕСМ Снабдување со топлина“.

    Од таму упатуваат на Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100, за дополнителни информации.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира