ПОРАДИ ПОЖАРИТЕ ЗАТВОРЕНИ ЗА СООБРАЌАЈ ДЕЛОВИ ОД СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА

    ПОРАДИ ПОЖАРИТЕ ЗАТВОРЕНИ ЗА СООБРАЌАЈ ДЕЛОВИ ОД СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦАЗатворена е за сообраќај скопската обиколница од клучка Арачиново до клучка Приштина и од клучка Радишани кон Тетово и обратно од клучка Орман до клучка Мирковци. (Фото: ЦУК)

    Поради разгорување на пожарите, од 17 часот затворена е за сообраќај скопската обиколница од клучка Арачиново до клучка Приштина, соопшти АМСМ. Од 17:20 часот затворен е сообраќајот и од клучка Радишани кон Тетово и обратно од клучка Орман до клучка Мирковци.

    Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека од 17.20 часот е пуштен сообраќајот кон Граничен премин (ГП) Блаце, но само за патнички возила, а останува во важност забраната за движење на товарните возила.

    Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопштија дека попладнево има 5 активни пожари на подрачјето на Град Скопје: во Општините Чучер-Сандево кај црквата „Свети Никита’ и Општина Шуто Оризари кај дивата депонија, кај Стенковец кон бензинската пумпа „Дизел“, во Општина Ѓорче Петров кај Волково и во Општина Петровец кај Катланово.

    До 18 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 21 се активни, а 4 се изгаснати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира