ПОРАДИ СТАРОСТ И БОЛЕСТ ЕВТАНАЗИРАНА СЛОНИЦАТА ДУЊА ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА

ПОРАДИ СТАРОСТ И БОЛЕСТ ЕВТАНАЗИРАНА СЛОНИЦАТА ДУЊА ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКАВо септември во 2018, над 10.000 граѓани дојдоа во Зоолошка да ги видат новите жители, слониците Дуња и Даела (Фото: К. Попов)

Вчера во скопската Зоолошка градина угина слоницата Дуња, која беше донесена во 2018.

„Слоницата имаше околу 60 години, а слоновите во просек живеат толку. Дуња имаше повеќе болести и дојде лекарски тим од Белгија за да ја прегледа, по што решија дека е подобро да се изврши евтаназија“, ни рекоа од Зоолошката.

Во септември во 2018, над 10.000 граѓани дојдоа во Зоолошка да ги видат новите жители, слониците Дуња и Даела.

До 2018, последен пат слон во градината во Скопје имало пред 26 години. За слониците Дуња и Даела беше изградено ново живеалиште со отворен и затворен дел.

М. ЏАРОВСКА

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира