ПОРОЈ ГО БЛОКИРА ПАТОТ КОН ЈАЖИНЦЕ

    ПОРОЈ ГО БЛОКИРА ПАТОТ КОН ЈАЖИНЦЕСообраќајот по регионалниот пат Тетово - граничен премин Јажинце кај село Порој во целосен е во прекин во двете насоки и е пренасочен преку Лешок,Сиричино и клучката за Желино (Фото: СДК.МК)

    По обилните дождови кои го зафатија полошкиот регион, попладнево нешто по 17 часот се излеа Поројска Река. Поради наносите од кал, камења и вода, сообраќајот по регионалниот пат Тетово граничен премин Јажинце кај село Порој во целосен е во прекин во двете насоки,  потврдија од тетовската полиција.  Поради оваа блокада, полициски екипи сообраќајот го пренасочуваат преку Лешок,Сиричино и клучката за Желино.

    Од тетовската секција на Дирекцијата за заштита и спасување посочуваат дека нивните екипи се на терен кај Порој и оти засега нема опасност по куќите, жителите и добитокот во близина на Поројска Река, но поради наносите од кал по патот, сообраќајот е прекинат.

    На местото каде се излеа Поројска Река излезе и градоначалничката на Тетово Теута Арифи. Според неа, механизацијата е подготвена да интервенира и расчистување на наносите од кал и камења и само се чека да престанат врнежите.

    Ова не не прв пат Поројска Река да го поплави и ја отсече оваа магистрална делница која води кон Јажинце и границата со Косово. Секои три-четири години оваа наизглед мала река, при обилни дождови знае брзо да надојде и да направи бројни штети како на патот така и на мостовите во село Порој, а често пати да навлезе и во куќите во селото.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира