ПОСЛЕДНАТА СТАНИЦА НА ЛИНИЈАТА 16 ВО ПРЖИНО ПРЕМЕСТЕНА СРЕД УЛИЦА И ПРЕД КРСТОСНИЦА, ЖИТЕЛИТЕ БАРААТ ДА СЕ ВРАТИ НА СТАРАТА ЛОКАЦИЈА

    ПОСЛЕДНАТА СТАНИЦА НА ЛИНИЈАТА 16 ВО ПРЖИНО ПРЕМЕСТЕНА СРЕД УЛИЦА И ПРЕД КРСТОСНИЦА, ЖИТЕЛИТЕ БАРААТ ДА СЕ ВРАТИ НА СТАРАТА ЛОКАЦИЈААвтобуската на линијата 16 сега сега е пред крстосница и пред влез во куќа, па жителите бараат под итно да се дислоцира оти оваа локација е непрегледна и небезбедна (Фото: Фејсбук)

    Жителите на скопската населба Пржино бараат од Град Скопје да ја врати на старата локација на последната станица на автобуската линија 16, бидејќи сегашната е небезбедна.

    Пред еден месец по налог на Град Скопје станицата е преместена и поставена стотина метри подолу на улицата Пржино од претходната локација. Автобуската сега е пред крстосница и пред влез во куќа. Жителите велат дека оваа локација е непрегледна и небезбедна. Автобусите стојат на улицата, која е со една лента во двата правци, па немаат прегледност.

    „Автобуската половина век си беше на крајот на улицата и не ни е јасно зошто новото раководство на Град Скопје ја премести. Овој дел од улицата е на угорнина и автобуската е пред крстосница. За да ги одминеме автобусите кои стојат на станицата по десетина минути, мораме да правиме сообраќаен прекршок односно на минуваме на полна линија. Дополнителен проблем е што има крстосница односно возила доаѓаат од сите страни и немаме прегледност. Ни велат дека старата локација не била небезбедна, но таму немало никаква сообраќајна несреќа поради автобусите. Токму на оваа локација се случија сообраќајни несреќи. Исто така автобусите го блокираат влезот во гаражата на еден од жителите. Поднесовме петиција со 500 потписи да се врати автобуската на старата локација, која беше поширока и попрегледна, но џабе“, велат жителите на Пржино, потписници на петицијата, која е поддржана и од граѓанската иницијатива „За спас на Кисела Вода“.

    Жителите велат дека особено опасно и небезбедно е во зима кого коловозот е лизгав, па колони возила стојат на улицата и чекаат автобусот да тргне за да можат да поминат.

    „Сето ова писмено им го доставивме на Секторот за сообраќај на Град Скопје, градоначалникот Петре Шилегов, на ЈСП’Скопје‘ и до Општина Кисела Вода. Но сè уште никој не ни одговорил на нашето барање“, велат жителите на Пржино.

    Од Град Скопје велат дека станицата е преместена по барање на Министерството за внатрешни работи бидејќи претходната локација не била безбедна.

    „Лани на старата последна 16-ка биле згазени две деца. Поместена е по барање на МВР од безбедносни причини. Но ова е времено решение, се бара заедно со Општина Кисела Вода локација според Деталниот урбанистички план за трајно решение“, велат од Град Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира