ПОСТАВЕНИ 5 СТАНИЦИ ЗА ПОПРАВКА НА ВЕЛОСИПЕДИ НИЗ СКОПЈЕ

    ПОСТАВЕНИ 5 СТАНИЦИ ЗА ПОПРАВКА НА ВЕЛОСИПЕДИ НИЗ СКОПЈЕСтаниците се опремени со рачна пумпа за гуми и 6 алати кои се стандардни за ситни поправки на велосипеди.(Фото: Град Скопје)

    На пет локации низ Скопје поставени се станици за поправка на велосипеди. Станиците се опремени со рачна пумпа за гуми и 6 алати кои се стандардни за ситни поправки на велосипедите. Поставени се пред бараките на Град Скопје, на бензинските пумпи на „Макпетрол“ на булеварот Партизански одреди во Карпош 2, кај транспортен центар и на излезот во Скопје во Автокоманда, како и на бензинската пумпа на „Окта“ на булевар Србија во Аеродром.

    „Локациите на сервисните станици се внимателно одбрани за да бидат на места каде што има поголема фреквенција на велосипедски сообраќај и на позиции каде што веќе постои 24 часовен видеонадзор, со цел да се заштитат станиците од намерно предизвикани штети. Град Скопје посветено работи на директно поттикнување на граѓаните да ги користат велосипедите како алтернативно превозно средство во густо населените урбани средини“, рече портпаролот на Град Скопје Ваљон Салиху.

    Станиците за поправка на велосипеди се донација на „Стопанска банка“ АД Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира