ПОТРАГА СО ХЕЛИКОПТЕР ПО ПЛАНИНАР ОД СКОПЈЕ КОЈ СЕ ИЗГУБИЛ КОН ОРЛЕ ВО КАВАДАРЕЧКО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:51:"Кавадарци,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОТРАГА СО ХЕЛИКОПТЕР ПО ПЛАНИНАР ОД СКОПЈЕ КОЈ СЕ ИЗГУБИЛ КОН ОРЛЕ ВО КАВАДАРЕЧКО

    Скопјанец се изгубил кон врвот Орле кај Кавадарци, потврдиja од МВР и по него е организирана масовна потрага. Во потрагата покрај ловџии и планинари е вклучен и хеликоптер на МВР

    Дознаваме изгубениот планинар бил дел од петчлена група од Скопје на возраст од 25 до 37 години. Тие во понеделникот тргнале кон Кавадарци, со намера за освојување на овој атрактивен врв на планината Вишешница. Со џип стигнале до селата Праведник и Шешково и понатаму пеш ја продолжиле својата авантура.

    Нашите информации говорат дека немале доволно храна а тргнале и без соодветна опрема, а се задржале и ноќе на отворено. Потоа најверојатно се изгубиле во просторот, па се раздвоиле со цел да разгледаат како да стигнат до најблиско населено место оти ги потрошиле храната и водата. Но, еден од нив толку многу се издвоил што вчера попладне кога увиделе дека не можат да го пронајдат, побарале помош.

    Хеликоптерска единица и припадници на МВР го барале вчера околу 15 часот но без успех. Пронајдени биле само четворицата од групата и биле донесени во полициската станица Кавадарци. До крајот на вчерашниот ден пак била организирана потрага  со припадници на МВР кои со планинари од Орле заминале таму со теренски возила. Се вршела потрага и во ноќни услови со ламби, но изгубеното лице не е пронајдено.

    Денеска повторно е организирана потрага од страна на МВР и Орле. Алармирани се и ловочуварската служба и шумската полиција.

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира