ПОТРОШЕНИ ПАРИТЕ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ ОД ГРАД СКОПЈЕ

    ПОТРОШЕНИ ПАРИТЕ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ ОД ГРАД СКОПЈЕНа јавниот повик аплицирале 3.057 граѓани. (Фото: СДК.МК)

    Исполнета е квотата за доделување субвенции за набавка на велосипеди од Град Скопје и јавниот повик е затворен. Повикот беше објавен на 19 април и аплицирањето се одвиваше онлајн, на линк објавен од Град Скопје.

    „Од објавувањето на јавниот повик досега аплицирале 3.057 граѓани и со тоа, предвидените финансиски средства се исцрпени. Граѓаните покажаа голема заинтересираност за овој проект, а со тоа и висока свест за заштитата на животната средина“, велат од Град Скопје.

    Граѓаните ќе добијат субвенција во висина од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари.

    Во буџетот на Град Скопје за 2021 година за субвенции за велосипеди се предвидени 8,5 милиони денари. Во изминатите три години, Град Скопје додели над 10.000 субвенции за граѓаните што купија велосипед.

    Денеска јавниот повик за субвенционирање на велосипеди објави Општина Карпош. Субвенцијата ќе биде во износ од 30% од сумата за платен велосипед, но не повеќе од  3.000 денари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира