ПОВРАТНИК ОД АНГЛИЈА ВО ДРЖАВЕН КАРАНТИН МЕЃУ ТРОЈЦАТА НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19 ВО ВЕЛЕШКО

    ПОВРАТНИК ОД АНГЛИЈА ВО ДРЖАВЕН КАРАНТИН МЕЃУ ТРОЈЦАТА НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19 ВО ВЕЛЕШКОСо ова, во Велешко вкупно се активни заразени со коронавирус се 30 лица. (Фото: СДК.МК)

    И денес има тројца позитивни на КОВИД-19 во Велес, соопшти Центарот за јавно здравје. Со ова, во Велешко вкупно се активни 30 лица.

    „Има нови три случаи, двете се лица кои два дена беа хоспитализирани со симптоми на Инфективно одделение во Велешката болница и ги чекаа резултатите. Тие се тестирани во МАНУ и земените брисеви покажаа дека се позитивни. Едното од овие лица е заразено од домашен член на семејството, додека второто е од колега на работа. Третото лице е повратник од Англија и е  во хотел во државен карантин во Скопје, а е жителка на Општина Градско“, велат од Центарот за јавно здравје Велес.

    На Инфективно одделение се хоспитализирани 13 пациенти и сите се потврдено позитивни, исто толку се на домашно лекување, три лица од Велешко се сместени на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје и едно лице е во државен карантин.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира