ПОВТОРНО ПРОТЕСТИ НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ПРЕД ОПШТИНА ТЕТОВО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОВТОРНО ПРОТЕСТИ НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ПРЕД ОПШТИНА ТЕТОВО

    Тетовските средношколци од сите пет средни училишта денеска втор ден се собраа пред зградата на општина Тетово и протестираа поради тоа што се уште не им е обезбеден бесплатен превоз до училиштата. Собрани во многу поголем број, тие поседнаа на асфалтот пред зградата на општината и извикуваа пароли со кои бара итно решавање на нивниот проблем.

    „Општината има одговорност за превозот на учениците од селата. Цената што сега самите ја плаќаме за превозот е многу висока за нас и се движат од 50 до 100 денари во еден правец. Многу ученици доаѓаат од семејства со социјални проблеми и не можат да го платат превозот. Ние знаеме дека со децентрализацијата, општината е одговорна за сето ова таа треба да ни обезбеди превоз до училиштата. Освен ова, во училиштата имаме проблеми и со учебниците кои ги нема за сите предмети. Сакаме од општината сите овие проблеми да ги реши а таа оговорноста ја префрла до министерствата. Вчера од општината ни рекоа дека чекале одговор од министерствата, но ние немаме време за чекање, сакаме да учиме со книги, со обезбеден превоз и да бидеме добри ученици, а не да бидеме како тие што се. Протестите ќе продолжат се додека не се реши овој наш проблем“ изјави Ардонит Ислаили ученик во тетовската гиманизја.

    Протестот траеше околу еден час по што учениците се разотидоа со најава дека ако до понеделник не добијат конкретен одговор во врска со транспортот, повторно ќе излезат на протести. Тетовските средношколци кои живеат надвор од Тетово сеуште немаат обезбеден бесплатен превоз до училиштата бидејќи Општината во август го поништи тендерот за превоз па сега се чека решение од Комисијата за јавни набавки.

    Во тетовското образование останува нерешен и проблемот со гиманазијалците од македонската настава. Овие учении штрајкуваат од први септември и бараат да учат во централниот објект на гимназијата “Кирил Пејчиновиќ“. Тоа засега е неможно поради тоа што во објектот нема доволно простор а за барањето наставата да се одвива во три смени сеуште се чека одговор од Владата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира