ПОЖАР БЛИЗУ ВЕЛЕС КАЈ ДУРУТОВЕЦ, ГОРИ СТРНИШТЕ И ДЕПОНИЈАТА

    ПОЖАР БЛИЗУ ВЕЛЕС КАЈ ДУРУТОВЕЦ, ГОРИ СТРНИШТЕ И ДЕПОНИЈАТАСпасени се четири куќи од селото Дурутовец, пожарните екипи се на терен. (Фото: СДК.МК)

    Пожар му се заканува на селото Дурутовец, на приодот од Велес. Огнот се заканил на неколку куќи, кои биле во близина на пумпната станица.

    „Запалено е стрниште, откако дошло до прекин на електричниот довод, скинат е кабел. Огнот се шири по депонијата. Спасени се четири куќи од селото. Наши екипи се на терен“, кажа Ивица Поповски од  Противпожарната единица во Велес, кој заедно со колегите е на местото на пожарот.

    Поарот е регистриран околу 18 часот. На лице место се неколку екипи пожарникари од Велес, со две возила. Огнот го гаснат и пожарникари од Македонски железници, бидејќи во опасност е и пругата Велес-Штип.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира