ПОЖАР НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА ВО СКОПЈЕ, ЕВАКУИРАНА СТАНБЕНА ЗГРАДА, ЖРТВИ НЕМА

    ПОЖАР НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА ВО СКОПЈЕ, ЕВАКУИРАНА СТАНБЕНА ЗГРАДА, ЖРТВИ НЕМАСтанарите се евакуирани превентивно поради густиот чад. (аматерска фотографија - Столе Георгиев )

    Во пожарот што доцна вечерва изби во станбена зграда во строгиот центар на Скопје на плопштадот Македонија нема жртви, ни повредени, но евакуаирана е целата зграда поради многу густ чад, изјавија за САКАМДАКАЖАМ.МК од Противпожарната бригада на град Скопје.

    Пожарот избил во спалната соба во стан над ресторанот „Пелистер“.

    Противпожарната бригада интервенирала со 6 возила. Од таму велат дека станарите биле евакуирани превентивно затоа што во прв момент се чинело дека пожарот е многу поголем и поради густиот чад кој направил паника и меѓу случајните минувачи во центарот на Скопје.

    Пожарот е локализиран и пожарникарите полека се повлекуваат, велат од Противпожарната бригада.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира