ПОЖАР НА РИДОТ НАД НАСЕЛБАТА ГОРНО ОРИЗАРИ ВО БИТОЛА

    ПОЖАР НА РИДОТ НАД НАСЕЛБАТА ГОРНО ОРИЗАРИ ВО БИТОЛАЗасега не се знае причината за пожарот, но жителите се жалат дека секое лето некој го потпалува ридот. (Фото: СДК.МК)

    Голем пожар избувна на ридот над населбата Горно Оризари во Битола. Екипи на битолската Противпожарна единица, Јавното претпријатие Комуналец и жители од населбата се вклучени во гаснењето на пожарот. Огнот има зафатено голема шумска површина и гори на стотина метри до куќите кај населбата Горно Оризари.

    „Пожарот избувна околу 12 часот во повисоките делови од ридот. Пожарната стигна, се собравме и жители од населбата и дел изгасивме. Но, огнот зафати голема површина. Гасневме со лопати. Ова е дел нискостеблеста, дел борова шума. Лани ја пошумивме и сега изгореа дрвцата“, вели битолчанецот Гоце Стојановски, жител на Долно Оризари.

    Засега не се знае причината за пожарот, но жителите се жалат дека секое лето некој го потпалува ридот и шумата кој пред неколку години беше високостеблеста никако да се обнови.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира