ПОЖАР НА ВОДНО, ОД СКОПСКАТА ПОЖАРНА ВЕЛАТ СТАВЕН Е ПОД КОНТРОЛА

    ПОЖАР НА ВОДНО, ОД СКОПСКАТА ПОЖАРНА ВЕЛАТ СТАВЕН Е ПОД КОНТРОЛАПричина за пожарот е човечки фактор. (Фото: СДК.МК)

    Пожар утрово избувна на планината Водно. Под месноста Марково крувче и надолу гори нискостеблеста и високостеблеста шума, а како што велат од скопската Пожарна, пожарот е ставен под контрола.

    „Интервенираме со девет пожарникари и екипа од ЈП „Паркови и зеленило“. Ставен е под контрола и во моментов се интервенира надолу за да не се прошири. Причина за пожарот е човечки фактор“, вели Владимир Симоновски, командант на скопската Бригада за противпожарна заштита.

    Од Пожарната апелираат до посетителите на Водно да внимаваат на околината и да пријавуваат неправилности и можни потпалувачи.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира