Противпожарната единица на Битола вечерва интервенирала во печатницата „Киро Дандаро“ во Битола, каде имало пожар. Од Пожарната додаваат дека интервенцијата е завршена.
Дел од медиумите повикувајќи се на неофицијални информации, вечерва јавија дека во печатницата, во која се печати изборниот материјал, се случила силна експлозија. Но, од Пожарната за тоа не успеавме да добиеме податоци, не откриваат детали и велат дека повеќе информации ќе бидат соопштени во текот на денот.
Ноќва околу печаницата е тивко. Стражарите од „Киро Дандаро“ велат дека се случил мал пожар со материјал за рециклирање, надвор од објектот и дека вработени заедно со пожарникари го изгаснале. Велат дека е причинета мала материјална штета, но нема повредени.
Ж. ЗДРАВКОВСКА