ПОЖАР ВО НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ПЕЛИСТЕР

    ПОЖАР ВО НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ПЕЛИСТЕРПожарот избил кај месноста викана Семафори, во маловишкиот реон на планината,доста високо место и недостапно за возила (Фото: СДК.МК)

    Избувна пожар во високите делови на националниот парк Пелистер. Според командирот на битолската Противпожарна единица Костадин Поповски, пожарот избил кај месноста викана Семафори, во маловишкиот реон на планината.

    „Тоа е доста високо место и недостапно за возила, па ќе се обидеме да гаснеме со прирачни средства. Екипи од битолската пожарна, Националниот парк Пелистер и од Директцијата за заштита и спасување тргнаа кон местото на пожарот“, рече Поповски за САКАМ ДА КАЖАМ.МК.

    Од Националниот парк Пелистер веќе побарале пожарот на планината да се гаснe со авијација. Од таму велат пожарот има зафатено дел од планината на околу 1.800 метри надморска височина и дека засега се зафатени нискостеблеста шума и трева и дека во тој дел нема моликова шума.

    „Наши екипи се тргнати на терен, но бидејќи местото е тешко достапно, побарано е да интервенира со авијација“, велат од националниот парк.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари