Гори трска и друга нискостеблеста вегетација во Паркот на природата Езерани во Преспа.
Дува силен ветер и го шири пожарот, а пламените јазици на терен ги гаснат и ренџерите од паркот.
Езерани е заштитен резерват на ретки птици, за кој минатата година Швајцарската агенција за развој преку програма на УНДП вложи 5 милиони долари.
Ж. ЗДРАВКОВСКА