Вечерва околу 19,20 часот избувнал пожар во една просторија за притвор во затворот „Црн Мост“ во Битола. Од затворот за САКАМДАКАЖМ.МК потврдија дека е опожарена една просторија и нема повредени притворени лица.
На неколкумина чувари кои вдишиле чад им е укажана лекарска помош и не се во животна опасност.
Не е исклучена можноста пожарот да бил подметнат.
Со подетални информации се очекува утре да излезе Управта за спроведување санкции.
Ж. ЗДРАВКОВСКА