ПОЖАР ВО СКОПСКА „СИТИ ГАЛЕРИ“, НАЈВЕРОЈАТНО ОД ОПУШОЦИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЖАР ВО СКОПСКА „СИТИ ГАЛЕРИ“, НАЈВЕРОЈАТНО ОД ОПУШОЦИ

    Мал пожар изби утринава во зградата на „Сити галери“ на Плоштад Македонија во Скопје, но помина само со материјална штета и без повредени.

    Според Скопската противпожарна бригада, се запалил дел од кровна конструкција на покривот на зградата кај што гледа на Плоштадот.

    „Станува збор за рамен покрив со електрични инсталации, клими, вентилации, опожарена е површина од 1 квадратен метар, се вклучил алармот, за пожарот јави чуварската служба. Пожарот веднаш е изгасен, зградата е евакуирана навреме, излеговме со 3 пожарни возила  и 10 пожарникари и екипа на Брза помош. Нема повредени, а материјалната штета и причините за пожарот допрва се истражуваат “, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК Ѕвонко Томевски, командант на Скопската противпожарна бригада.

    Пожарот веднаш е изгасен, зградата е евакуирана навреме и нема повредени (Фото: СДК.МК)

    Пожарот веднаш е изгасен, зградата е евакуирана навреме и нема повредени (Фото: СДК.МК)

    Според вработените во делот од зградата што беа евакуирани, можно е пожарот да настанал од неизгасени опушоци од цигари, бидејќи местото се користело за пушење од вработени во фирмите кои изнајмуваат деловни простории во зградата.

    Пожарот во зградата на поранешната стоковна куќа „Нама“ избри еден час пред комеморативната седница за архитектот што ја проектираше во 1959, проф. Славко Брезовски, кој почина завчера на 95 години. Брезовски, еден од најзначајните македонски архитекти и автор на монументални згради во Скопје и Македонија, доживеа да го види неговото дело вандализирано кога владата на ВМРО-ДПМНЕ, и покрај неговото противење, реши да ја покрие модерната фасада на „Сити галери“ со квази барок, како дел од контроверзниот владин проект „Скопје 2014“ вреден скоро 700 милиони евра.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира