Пожар изби во зградата на поранешен „Технометал-Вардар“ во центарот на Скопје. Во моментов, возило на скопската Пожарна е паркирано на Плоштадот ВМРО пред зградата на партијата ВМРО-ДПМНЕ и се интервенира во зградата.
Како што велат од Центарот за управување со кризи, попладнево на бројот 112 стигнале неколку повици кои пријавиле пожар во погорните катови од зградата.
Од Бригадата за Противпожарна заштита велат дека горело ѓубре и отпад во објектот кој е напуштен и не е обезбеден.
„За кусо време пожарот беше изгаснат, не се прошири, направена е само материјална штета од 9.000 денари“, велат од скопската Пожарна.
Зградата на „Технометал-Вардар“ ја купи фирмата „Буши фешн“, која планира да нарави хотел. Просторот околу зградата е затрупан во ѓубре и градежен шут.
А. АНТЕВСКА