ПОЖАРИ ВО ПИНТИЈА, МОЈАНЦЕ И ДОЛНО БЛАЦЕ, СКОПСКО

    ПОЖАРИ ВО ПИНТИЈА, МОЈАНЦЕ И ДОЛНО БЛАЦЕ, СКОПСКООд Бригадата за противпожарна заштита велат дека пожарот во Пинтија избувнал околу 11.30 часот, сè уште е активен, а екипи на Пожарната работат на гаснење и спречување да се прошири. (Фото: К. Попов)

    Гори зеленило и ниска вегетација над населбата Пинтија во Скопје, а активни се и пожарите во селата Мојанце и Долно Блаце.

    Од Бригадата за противпожарна заштита велат дека пожарот во Пинтија избувнал околу 11.30 часот, сè уште е активен, а екипи на Пожарната работат на гаснење и спречување да се прошири.

    „Активни пожари имаме и во скопските села Мојанце и Долно Блаце. Екипи на Пожарната интервенираат на трите локации. Апелираме до сите граѓани при посета на излетничките места и шумите да бидат внимателни со опушоците од цигари, палење оган на отворено, како и други активности кои можат да предизвикаат несакани пожари”, велат од скопската Пожарна.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира