ПОЖАРНИКАРИТЕ ОД ЈУГОИСТОКОТ ДОБИЈА ДРОНОВИ СО ТЕРМАЛНИ КАМЕРИ ЗА РАНА ДЕТЕКЦИЈА НА ШУМСКИ ПОЖАРИ

    ПОЖАРНИКАРИТЕ ОД ЈУГОИСТОКОТ ДОБИЈА ДРОНОВИ СО ТЕРМАЛНИ КАМЕРИ ЗА РАНА ДЕТЕКЦИЈА НА ШУМСКИ ПОЖАРИДроновите ќе бидат од голема корист, бидејќи со нив ќе може многу побрзо да се открие, но и следи пожарот во реално време при што ќе бидат алармирани сите институции. (Фото: СДК.МК)

    Пожарникарите од Југоистокот добија беспилотни летала со термални камери за рана детекција на шумски пожари. Леталата може да се контролираат на далечина и од 10 километри со што противпожарните служби од Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово ќе имаат можност на секоја дојава или сомнеж да извршат увид за големината на пожарот во реално време, неговото движење, опкружување.

    Опремата е набавена како дел од проектот „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи“ што го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот Плански Регион (ЦРЈИПР) од Програмата за прекугранична соработка со Грција во кои се вклучени повеќе институции.

    „Дроновите ќе бидат од голема корист бидејќи со нив ќе може многу побрзо да се открие, но и следи пожарот во реално време при што ќе бидат алармирани сите институции. Од таа причина организиравме и тренинг програма каде пожарникарите со преставници од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) учеа како да управуваат со овие летала, но и соодветно да прибираат информации. Паралелно, како да се користат термалните камери и сензорите за откривање чад. Оваа опрема ќе овозможи брзо лоцирање на шумските пожари, но и навремена реакција за да се спречи нивното ширење“, ни изјави дректорот на ЦРЈИПР Ѓоко Камчев.

    Во рамките на овој проект, деновиве Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица доби ново противпожарно возило за справување со шумски и урбани пожари во Струмичкиот микрорегион покривајки ги и општините Василево, Босилово и Ново Село. Возилото е со носивост од 3 тона вода и вкупна вредност од 107 илјади евра. Претходно, преку овој проект беа набавени возила и за единиците во Гевгелија и Валандово, а до крајот на годинава противпожарно возило треба да добие и ТППЕ од Радовиш.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира