Екипа на Противпожарната бригада на Скопје денеска беше повикана од комуналните служби да извади мртва крава од Вардар, заглавена пред Камениот мост. На терен излегоа две возила на пожарникарите, кои со макара го отстранија лешот на животното од речното корито.
„Поради специфичноста на местото каде што бил заглавен лешот, песокот во Вардар, комуналните служби нè повикаа за помош. Испративме две возила со пет луѓе, кои со макара го извлекоа мртвото животно и го предадоа на ’Комунална хигиена’“, вели Ѕвонко Томевски, новиот командант на Противпожарната бригада на Скопје.