12 ЛИЦА СЕ ЗАГЛАВИЛЕ ВО ЛИФТ ЗА ТРОЈЦА, ГИ СПАСУВАЛЕ ВЕЛЕШКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ

    12 ЛИЦА СЕ ЗАГЛАВИЛЕ ВО ЛИФТ ЗА ТРОЈЦА, ГИ СПАСУВАЛЕ ВЕЛЕШКИТЕ ПОЖАРНИКАРИЛуѓето го преоптовариле лифтот и покрај предупредувањето поставено на секој спрат дека може да се возат најмногу три лица. (Фото: СДК.МК)

    Пожарникарите од Велес интервенирале во заглавен лифт во кој можело да се возат најмногу три лица, а внатре имало 12-мина.  Луѓето го преоптовариле лифтот и покрај предупредувањето, поставено на секој кат од лифтовите во т. н. социјална зграда во Велес во населбата Тунел, дека може да се возат најмногу три лица.

    „По примена дојава во 21:35 часот за лица заглавени во лифт, Територијалната противожарна единица (ТПП) Велес излезе на лице место со едно  противпожарно возило и тројца пожарникари спасители. По пристигнување на лице место, од лифтот беа извадени осум возрасни и четири  деца“, соопштија од Противпожарната единица Велес.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира