ПОЖАРОТ КАЈ ОПЕНИЦА, ОХРИДСКО Е УШТЕ АКТИВЕН, НО ПОД КОНТРОЛА

    ПОЖАРОТ КАЈ ОПЕНИЦА, ОХРИДСКО Е УШТЕ АКТИВЕН, НО ПОД КОНТРОЛАВо пожарот кој вчера избувна на патот од Охрид кон Ресен гори борова шума. (Фото: СДК.МК)

    Пожарот кај селото Опеница, Охридско сè уште е активен, но е ставен под контрола. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека во текот на вчерашниот ден на пожарот се интервенирало и со два авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, по што тој е локализиран и не дошло до проширување.

    „Во текот на денешниот ден како и вчера интервенира Пожарната од Охрид како и екипи од Македонски шуми“, велат од Центарот за управување со кризи.

    Во пожарот кој вчера избувна на патот од Охрид кон Ресен гори борова шума.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира