Пожарот на Скопска Црна Гора каде гори нискостеблеста шума е на непристапен терен, но екипи од Скопската бригада за противпожарна заштита го контролираат. Пожарот е активен цел ден и во моментов е спуштен кон селата Страчинци и Виниче.
„Цел ден е активен пожарот, но граѓаните кога ќе се стемни го гледаат огнот и затоа изгледа драматично. Не можеме да пристапиме со возила бидејќи теренот е непристапен. Пожарникарите одат да гасат со боци и потоа се враќаат пеш до средсело за да наполнат вода. На помош имаме и луѓе ангажирани од Општина Гази Баба. Го контролираме, нема да дозволиме да се прошири кон населените места“, вели Владимир Симоновски, командат на скопската Пожарна.
Во гасењето на пожарот вечерва нема да се вклучат „ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување бидејќи тие не летаат ноќе.
А. АНТЕВСКА