ПОЖАРОТ ОД ПРЕСПА НАВЛЕЗЕ ВО НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ПЕЛИСТЕР

    ПОЖАРОТ ОД ПРЕСПА НАВЛЕЗЕ ВО НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ПЕЛИСТЕРВо гасењето се вклучени и ер трактири. (Фото: СДК.МК)

    Пожарот кој попладнево изби во Преспа навлезе и во Националниот парк Пелистер и гори меѓу подножјето на врвовите Вртушка и Мала Чука. Од Националниот парк соопштија дека пожарот се појави некаде пред 15 часот.

    Екипи на Националниот парк Пелистер во соработка со пожарните од Ресен и Битола делуваат на терен со цел локализирање на огнот. Во гаснењето се вклучени и ер трактори и два тима со пинцгауери од Дирекцијата за заштита и спасување. Директорот Стојанче Ангелов рече дека се прават пресеки за да се спречи ширење на огнот во паркот, зашто ако дојде до тоа, постои ризик да ја зафати боровата шума.

    Механизација од јавни претпријатија од Битола веќе е упатена кон местото за да им помогне на пожарникарите во гасењето.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира