Пожарот кој попладнево избувна во скопско Бардовци е локализиран и нема опасност да ги зафати куќите, велат од Бригадата за противпожарна заштита.
Попладнево во Бардовци се запали сува трева, по што чадот се чувствуваше до Карпош и Центар. На терен веднаш интервенираа екипи од скопската Пожарна. При интервенцијата еден пожарникар е повреден односно вдишал чад. Во гаснењето на пожарот се вклучија и локалните жители.
„Нема никаква опасност за населението и имотот во Бардовци. Пожарот е комплетно локализиран, екипи се на терен. Пожарникот кој вдиша чад при интервенцијата е во добра здравствена состојба“, вели Владимир Симоновски командант на Противпожарната бригада на Град Скопје.
А. АНТЕВСКА