ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС УШТЕ ЕДЕН ЛЕКАР, ВКУПНО ЗАРАЗЕНИ 19 ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ВО КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА

    ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС УШТЕ ЕДЕН ЛЕКАР, ВКУПНО ЗАРАЗЕНИ 19 ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ВО КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦАКумановската болница денеска ја посети министерот за здравство Венко Филипче, кој потврди дека болницата работи непречено и дека организацијата на работата е добра. (Фото: Министерство за здравство)

    Доктор специјалист од Одделението за урологија во Општата болница Куманово е позитивен на коронавирус, потврдија од Центарот за јавно здравје во Куманово. Со тоа, во Кумановската болница досега се заболени 19 здравствени работници, од кои четворица доктори и останатите се медицински сестри и техничари.

    „Во изминатите 24 часа има 7 позитивни на коронавирус во Куманово. Меѓу нив е и еден лекар од одделението за урологија. Тестирани се 75 здравствени работници од градот и кога ќе дојдат резултатите ќе покажат каква е состојбата“, изјави директорот Алиф Љатифи.

    Вкупниот број на заболени во Куманово се искачи на 128 заболени и 7 починати од коронавирус. Во текот на денот направени се 25 тестови преку матичните лекари на Мој термин и со индикација 18 тестови.

    Кумановската болница денеска ја посети министерот за здравство Венко Филипче, за да направи увид во работењето и капацитетите. На состанокот со менаџментот тој потврди дека болницата работи непречено и дека организацијата на работата е добра.

    „Откако 18 вработени се дијагностицирани со КОВИД-19, направена е реорганизација на работата и сега болницата работи непречено. Од пред неколку денови, во поддршка на вработените на инфективното оделение дојдоа двајца лекари од Штип и од Скопје, со што капацитетите се задоволени“, соопштија од кабинетот на министерот.

    Во Кумановската болница има вкупно 700 вработени, и покрај 19 кои се заболени од коронавирус нема друг персонал кој е во самоизолација.

    Директорката на болницата му кажа на министерот дека располага со сосем доволен број на заштитна опремакоја се надополнува постојано. Министерството за здравство велид ека продолжува интензивно да ја следи состојбата во Куманово и ако има потреба од дополнителна поддршка за ресурси итно ќе реагира.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира