ПОЗИТИВНА НА КОВИД-19 ВОСПИТУВАЧКА ОД ГРАДИНКА ВО ГОСТИВАР, 10 ДЕЦА ВО ИЗОЛАЦИЈА

    ПОЗИТИВНА НА КОВИД-19 ВОСПИТУВАЧКА ОД ГРАДИНКА ВО ГОСТИВАР, 10 ДЕЦА ВО ИЗОЛАЦИЈАОва е прв случај на зараза со ковид-19 во градинки во Гостивар, каде одат околу 250 деца. (Фото: СДК.МК)

    Една воспитувачка од градинка во Гостивар е позитивна на ковид-19, поради што од денеска 10 деца од нејзината група се ставени во изолација. Ова е прв случај на зараза со ковид-19 во градинка во Гостивар.

    „Воспитувачката пројавила симптоми во неделата кога била дома. Таа до петокот беше на работа. Веднаш нѐ информира за тоа и ние ѝ рековме да не доаѓа на работа. Закажала и тестирање, а вчера стигнал резултатот и за жал, тој е позитивен. Нејзината состојба е добра, има лесни само лесни симптоми. Поради ова, веднаш стапивме во контакт со Центарот за јавно здравје од Гостивар од каде ни дадоа прпораки да ги информираме родителите на децата, а тие да бидат ставени во домашна излација 14 дена. Станува збор за вкупно 10 деца на возраст од две до три години од групата на негувателката. Меѓу децата засега нема ниту едно со некакви симптоми ,како покачена температура и слично. Во градинката ги следиме протоколите кои ни се дадени од Министерството, постојано правиме дезинфекција на просторот, а на децата три пати дневно им мериме температура и следиме дали некое дете евентуално ќе пројави некои симптоми“, изјави Мирјана Мицоска, директорка на градинките во Гостивар.

    Гостиварските градинки моментално ги посетуваат околу 250 деца.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира