ПРАТЕНИКОТ ДИМИТРИЕВСКИ НАПАДНАЛ, А НЕ БИЛ НАПАДНАТ, ТВРДИ МВР

    ПРАТЕНИКОТ ДИМИТРИЕВСКИ НАПАДНАЛ, А НЕ БИЛ НАПАДНАТ, ТВРДИ МВРДимитриевски тврди дека тој бил нападнат од полицајци, кои во алкохолизирана состојба сакале да се пресметаат со него, додека го славел роденденот на сопругата во една кумановска кафана.

    Пратеникот на СДСМ Максим Димитриевски ќе добие соодветен поднесок затоа што ноќеска нападнал момче во ресторанот „Палас“ во Куманово, соопшти МВР.

    Инцидентот се случил околу 1 часот по полноќ, кога В.А. физички бил нападнат од пратеникот од Куманово, кој во два наврати му удрил тупаници во пределот на лицето, при што му нанел видливи повреди, наведено е во полицискиот билтен.

    „Настанот бил пријавен, при што полициски службеници од СВР Куманово излегле на лице место и констатирале дека момчето со своите пријатели во ресторанот и на музиката им порачал одредена песна. По кратко време, кога музиката престанала, истиот се упатил кон оркестарот за да праша што станало. Тогаш му се приближил Димитриевски, кој исто така бил на семејна прослава и во присуство на повеќе гости го удрил два пати во пределот на лицето. Нападот го потврдиле гости сведоци на кафаната“, велат од МВР.

    Утринава Димитриевски тврдеше дека тој бил нападнат од полицајци, кои во алкохолизирана состојба сакале да се пресметаат со него, додека го славел роденденот на сопругата во една кумановска кафана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира