ПРЕД ДА СЕ ВДОМИ КУЧЕ, ВРАБОТЕНИ ОД „ЛАЈКА“ ЌЕ ПРАВАТ ПРОЦЕНКИ ДАЛИ ВДОМУВАЧОТ Е СООДВЕТЕН И ОДГОВОРЕН

    ПРЕД ДА СЕ ВДОМИ КУЧЕ, ВРАБОТЕНИ ОД „ЛАЈКА“ ЌЕ ПРАВАТ ПРОЦЕНКИ ДАЛИ ВДОМУВАЧОТ Е СООДВЕТЕН И ОДГОВОРЕНВработени од прифатилиштето на „Лајка“ ќе имаат обврска да го посетат вдомувачот на кучето, за да се утврди дали го чува соодветно и во согласност со Законот за благосостојба на животните. (Фото: ЈП Лајка)

    Сите кои сакаат да вдомат куче од прифатилиштето „Лајка“ во Скопје треба да пополнат прашалник и да поминат на процека кај вработените. Јавното претпријатие „Лајка“ од минатиот месец почна со заловување бездомни кучиња од скопските улици, а од оваа недела и со активности за нивно вдомување. Шест кучиња се подготвени за вдомување, а ако не бидат вдомени, ќе бидат вратени на скопските улици.

    Секој кој ќе сака да вдоми куче, пред сè, ќе треба да пополни прашалник за вдомување, по што ќе разговара со стручно лице вработено во прифатилиштето за да се процени дали и колку вдомувачот е соодветен и би бил одговорен сопственик.

    „Доколку се покаже дека вдомувачот е соодветен, истиот ќе оствари контакт со кучето кое сака да го вдоми, минимум два пати да го посети прифатилиштето и да помине време со истото. Назначени вработени од прифатилиштето на ‘Лајка‘ ќе имаат обврска да го посетат вдомувачот, со цел да се утврди дали истиот го чува соодветно и во согласност со Законот за благосостојба на животните“, велат од „Лајка“.

    Според анализите кои ги правеа „Лајка“ и Агенцијата за храна и ветеринарство, на скопските улици има 1.970 кучиња. Од претпријатието велат дека на граѓаните им  изгледа дека во градот има повеќе кучиња бидејќи се собираат во чопори.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира