Конкурс за вработување 19 лица во гимназијата „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар пред престојните Локални избори бил проблемот поради кој настанала целата драма со директорската смена во училиштето, беше кажано на денешната прес-конференција што ја одржаа досегашната директорка Маја Лозановска и адвокатот Жарко Стевановски. Тие до Основното јавни обвинтелство за гонење организиран криминал и копрупција (ОЈОГОКК) поднесоа кривична пријава против 6 лица, од кои по двајца просветни инспектори и службеници во МВР, градоначалникот на Демир Хисар и новоназначената в. д. директорка, обвинувајќи ги дека извршиле незаконски дејствија ствајќи се во спрега за да направат вработувања во партиски клуч.
Стевановски обвини дека просветните инспектори извршиле вонреден инспекциски надзор иако знаеле дека во 2024 година веќе била извршена интегрална евалуација од Државниот просветен инспкеторат (ДПИ) и не биле констатирани никакви повреди во реализацијата на наставниот процес. Сепак, изготвиле записник и решение за нереализиран наставниот процес. Уште истиот ден до градоначалникот и Советот доставиле решение во рок од 30 да се разреши директорот и Училишниот одбор (УО). Советот на итна седница, без да утврди потреба од итност го разрешил УО, а градоначалникот наместо претходно да ја разреши Лозановска, на 5 август назначил в .д. и училиштето го довел во ситуација да има два директора. На службениците од МВР, иако при претресот во домот на директорката им било укажано дека печатите се во училиштето, намерно не ги пронашле.
„Ова е пластичен пример како функционира системот на образование во државата. Преку овој пример пластично се гледа за што служи Државниот просветен инспекторат во зависност од тоа кој е на власт, не ги делам властите на оваа или онаа, само укажувам дека ДПИ се користи како алатка за побрзо разрешување на директори кои се различни од гарнитурата на власт и како механизам за вршење политички притисоци“, рече Стевановски.
Директорката Лозановска изјави дека во училиштето инспекторите постапувајќи по анонимна пријава констатирале неостварен фонд часови во година кога имало пролетен распуст и неработни денови за изборите.
„Но, јас не сум разрешена за неправилности туку зашто наводно не доставив навремено извештај по ова известување. Рокот беше до 30 јуни, а јас го испратив по пошта на 27 јуни. Но, ДПИ не чекаа одреден број денови за да се добие оваа пошта туку на 30 јуни доставија извештај до УО дека директорот не постапил во законски предвидениот рок“, рече Лозановска.
На 5 август, 5 дена пред распишување на изборите, градоначалникот Најдовски ја разреши Лозановска, која не го прими решението зашто беше на боледување, а беше нанзачена нова в. д. директорка. Ден пред распишување на изборите, на 8 агвуст МВР изврши претрес во домот на Лозановска барајќи ги печатите. Тогаш началникот рече дека и на носилки ќе ја однесе на информативен разговор во станица. Откако по боледувањето таа отиде во полиција, кажа дека печатите се во училиштето, по што тие ги одзедоа и ги предадоа на јавен обвинител кој понатаму треба да одлучи кому ќе ги врати.
На 15 август, полицијата поднесе кривична пријава против Лозановска, која се товари за сторено кривично дело Одземање или уништување службен печат или спис, по член 390 од Кривичниот законик.
Без печати, блокирана е работата на гимназијата.
„Вработените немаат земено плата. Многу ми е жал што дојде до ваква ситуација. Пред два дена дојдоа две ученички да извадат дупликат свидетелство кое им е потребно за упис на факултет. Не сме во можност во ваква ситуација да им извадиме документ. Одреден број ученици матурата ја положија во августовскиот рок, како ним ќе им се издадат дипломи? Учениците не се виновни. Апелирам некој од надлежните институции што побрзо да ја реши ситуацијата“, рече Лозановска.
До објавата на текстов, од ДПИ и градоначалникот Најдовски не добивме одговор за прашањата што им ги доставивме во врска со обвинувањата од Стевановски. Градоначалникот претходно имаше соопштено дека во работата на Лозановска просветната инспекција забележала неправилности, па му било наложено да ја разреши.
Конкурсот е ставен во мирување и школото есенва ќе почне со настава без доволен број вработени.
- ПОЛИЦИЈАТА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ДИРЕКТОРКАТА НА ГИМНАЗИЈАТА ВО ДЕМИР ХИСАР ЗА КРИЕЊЕ НА ПЕЧАТИТЕ ОД УЧИЛИШТЕТО
- ПОЛИЦИЈАТА ВО ДЕМИР ХИСАР ГО ЗАВРШИ ИНФОРМАТИВНИОТ РАЗГОВОР СО ДИРЕКТОРКАТА НА ГИМНАЗИЈАТА ЛОЗАНОВСКА, ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ТРЕБА ДА ОДЛУЧИ КАЈ КОГО ЌЕ БИДАТ ПЕЧАТИТЕ
- ПОЛИЦИЈАТА ГИ ЛЕГИТИМИРАШЕ НОВИНАРСКИТЕ ЕКИПИ КОИ ГИ СЛЕДЕА НАСТАНИТЕ ВО ДЕМИР ХИСАР ПОВРЗАНИ СО ДИРЕКТОРСКИТЕ СМЕНИ ВО ГИМНАЗИЈАТА, ЗА МВР БИЛЕ НЕПОЗНАТИ ЛИЦА
- НА РАБОТА ДОЈДОА ДВЕТЕ ДИРЕКТОРКИ НА ГИМНАЗИЈАТА ВО ДЕМИР ХИСАР
- ПОЛИЦИСКИОТ НАЧАЛНИК ОД ДЕМИР ХИСАР ЌЕ СИ СНОСИ ПОСЛЕДИЦИ, НО ДА НЕ ЈА АМНЕСТИРАМЕ И ДИРЕКТОРКАТА НА ШКОЛОТО КОЈА РАБОТИ СПРОТИВНО НА ЗАКОН, РЕЧЕ МИЦКОСКИ
- ПОЛИЦИЈАТА ВО ПРИДРУЖБА НА БРЗА ПОМОШ ИЗВРШИ ПРЕТРЕС КАЈ ДИРЕКТОРКА НА ГИМНАЗИЈА ВО ДЕМИР ХИСАР, НАЧАЛНИКОТ БАРА ДА ЈА ОДНЕСАТ НА РАСПИТ НА НОСИЛКИ
- ПРЕД РАСПИШУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ САКАА ДА ЈА РАЗРЕШАТ ДИРЕКТОРКАТА НА УЧИЛИШТЕТО ВО ДЕМИР ХИСАР, ВЕЛИ АДВОКАТОТ, А ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОДГОВАРА ДЕКА ПОСТАПУВАЛ ПО РЕШЕНИЕ НА ПРОСВЕТЕН ИНСПЕКТОРАТ
- ДИРЕКТОРКАТА НА ГИМНАЗИЈАТА ОД ДЕМИР ХИСАР ВО ВТОРНИК ЌЕ ОДИ НА ИНФОРМАТИВЕН РАЗГОВОР ВО ПОЛИЦИЈА, НО СО АДВОКАТОТ ЌЕ БАРААТ ДА СЕ КОНСТАТИРА КОЈ ПРОВАЛИЛ ВО УЧИЛИШТЕТО ДЕН ПРЕД РАСПИШУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ
- ДИСЦИПЛИНСКА ЗА НАЧАЛНИКОТ КОЈ НА НОСИЛКИ САКАШЕ ДА ЈА НОСИ ДИРЕКТОРКАТА НА ГИМНАЗИЈАТА ОД ДЕМИР ХИСАР ВО ПОЛИЦИЈА, МВР МУ ПРОГНОЗИРА РАЗРЕШУВАЊЕ
Ж. ЗДРАВКОВСКА