ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР ДА НЕ ОСТАНЕ НА ХАРТИЈА, ТУКУ ДА ЗАЖИВЕЕ, ВЕЛИ ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ТИМОНИЕ

    ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР ДА НЕ ОСТАНЕ НА ХАРТИЈА, ТУКУ ДА ЗАЖИВЕЕ, ВЕЛИ ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ТИМОНИЕФранцускиот амбасадор Кристијан Тимоние на научната конференција што во Битола се одржува по повод 100 години од Версајскиот договор. (Фото: СДК.МК)

    Тоа што е на хартија не вреди ништо, договорот треба да заживее и да се спроведува, рече за Преспанскиот договор францускиот амбасадор Кристијан Тимоние на научната конференција што во Битола се одржува по повод 100 години од Версајскиот договор.

    „Да работиме на помирувањето особено влечејќи ги поуките од минатото и да ја градиме заеднички иднината. Договорот од Преспа отвoра нова перспектива, односно покажува колку може да биде богата дипломатската работа за да се постигне таков договор кој е неколку чекори напред во помирувањето. Но, сето тоа што е на хартија не вреди ништо доколку луѓето не работат. Тоа е и суштината на ден договор, освен што треба да се подготви треба и да заживее и да се спроведува за подоБра иднина и за доброто на луѓето“, рече Тимоние.

    Тој рече дека сите грешки, трагедии, но и победи кои биле во минатото сакаат да ги одбележат денес во Европа заедно со Северна Македонија.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари